Македонија

Судот најави дека обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата

Оценување на обвинител акт

Кривичниот суд информира дека до крајот на неделата ќе биде донесена оценка за обвинителниот акт поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес за овој предмет, па токму поради тоа досега на неколку наврати ја информираше јавноста за текот на оцената и преземените чекори“, соопштија од судот.

Се работи за постапка против 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 адвокати и претставници. Од приемот на обвинителниот акт, судот ги ангажирал сите ресурси за негова достава до странките и прием на приговорите. Меѓутоа, во изминатите месеци, дел од адвокатите и претставниците на правните лица биле недостапни во нивните канцеларии, поради што доставата, а со тоа и роковите за приговори, се одолговлекувале.

Откако обвинителниот акт е доставен до сите обвинети и нивните бранители, на 3 октомври 2025 година истекуваат законските рокови за приговори.

„Со тоа се исполнети сите услови за оцена и се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет. Јавноста и странките ќе бидат навремено известени“, додаваат од Кривичниот суд.

Од судот нагласуваат дека прават максимални напори за да се исполнат сите законски обврски и да се гарантираат правата на странките, со цел предметот да не биде компромитиран во понатамошната постапка.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top