Македонија

Судски работници барале мито, добија притвор

Не им доаѓа умот, за 1500 евра си направиле пекол во животот

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување истрага против две лица – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, поради сомнение дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Според обвинителството, во периодот од август 2025 до 7 април 2026 година, осомничените примиле вкупно 500 евра и 60.000 денари од сведок, со ветување дека ќе посредуваат за да обезбедат ослободителна пресуда во повисоките судови.

Сведокот, кој бил осуден на една година затвор и поднел жалба, преку сосед стапил во контакт со доставувачот, кој го упатил кај судскиот полицаец. Тој, пак, се претставил како лице со долгогодишно искуство и контакти со судии, тврдејќи дека може да влијае врз исходот на постапката.

Убеден во ваквото влијание, сведокот прво предал 500 евра преку доставувачот, наводно за судија од Апелациониот суд Скопје. Во текот на 2026 година, директно на судскиот полицаец му исплатил 30.000 денари, а по потврдата на пресудата од Апелација, му дал уште 30.000 денари за наводно посредување пред Врховниот суд.

Сепак, наместо ослободителна одлука, Апелациониот суд ја потврдил првостепената пресуда, по што сведокот поднел вонреден правен лек.

Судот делумно го прифатил предлогот на обвинителството за мерки: на судскиот полицаец му е одреден 30-дневен притвор, додека доставувачот добил куќен притвор. Обвинителството најави жалба на оваа одлука, незадоволно од поблагата мерка за второосомничениот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top