Македонија

Судскиот совет ги брани одлуките на судовите ама тешко му оди

Судскиот совет, како самостоен и независен орган на судската власт во иднина нема да се вклучува во коментирање на какви било политички изјави

Судиите и покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси даваат максимални напори за брза и ефикасна правда, соопшти Судскиот совет.

Секој кој има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството е должен веднаш да пријави до Судскиот совет и други надлежни органи, затоа што непријавувањето на истите претставува сериозно кривично дело, се додава во соопштението.

„Судскиот совет остро се спротивставува на користење на судството за дневно политичка кампања. Советот нагласува дека судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките и секое коментирање однадвор се смета за упад во судството“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Судскиот совет, се посочува, како самостоен и независен орган на судската власт во иднина нема да се вклучува во коментирање на какви било политички изјави, а секогаш ќе реагира во насока за заштита на законитоста и независноста на судството.

Во јавноста имаше реакции по условната пресуда за лекарката од Онкологија, Мери Пешевска, која призна вина за несовесно лекување, а од Кривичниот суд посочија дека за сите одговори заинтересираните треба да се обратат до Судскиот, „кој е надлежен да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции“.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top