Македонија

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на клубот

Општинските власти се обраќале и до надлежните институции, вклучително до Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, со цел да се спречи отворањето на клубот. Илиевски истакна дека неговиот сектор нема надлежност за инспекциски надзор и не знае дали други институции презеле мерки по отворањето на објектот. На прашања од одбраната, тој потврди дека објектот бил изграден како индустриски и дека дозволите ги издава Министерството за внатрешни работи, додека мислењата за користење јавни паркиралишта ги дава Општината. 

На рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведокот Драги Илиевски истакна дека Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот, бидејќи се наоѓал во индустриска зона. Илиевски појасни дека дискотеката се наоѓала во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде угостителска дејност од ваков тип не е дозволена.

  • „Значи зоните не можат да се менуваат. Ме прашавте дали е направена пренамена, не е направена пренамена на тој објект, ниту пак може да се промени зоната и целиот тој локалитет е лесна и незагадувачка индустрија“ рече Илиевски.

Сведокот посочи дека на 3 октомври 2012 година, Општина Кочани дала позитивно известување на барањето на Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ за користење на јавните паркиралишта во таа зона, но подоцна истото било повлечено откако дознале за вистинската намена на објектот.

  • „По одредени сознанија дека ќе се отвора дискотека ние го имаме поништено ова известување. Таму наведуваме дека тие паркинзи се лесна и незагадувачка индустрија Г2, а не за дискотеки или барови што ќе се отвораат. Тоа е доставено до Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ – истакна сведокот.

Дополнително, општинските власти се обраќале и до надлежните институции, вклучително до Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, со цел да се спречи отворањето на клубот.

Илиевски истакна дека неговиот сектор нема надлежност за инспекциски надзор и не знае дали други институции презеле мерки по отворањето на објектот. На прашања од одбраната, тој потврди дека објектот бил изграден како индустриски и дека дозволите ги издава Министерството за внатрешни работи, додека мислењата за користење јавни паркиралишта ги дава Општината.

Најнови вести од: Македонија

Почна судењето на деветмината, на чело со ексдиректорот Стоилов, обвинети за примање и давање мито над 50 илјади евра за ИПАРД фондовите

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд на судењето за митото поврзано со ИПАРД фондовите.

ЗНМ остро реагира за однесувањето на новинарот во Тетово кон министерката Весна Јаневска

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија реагираше на однесувањето на новинарот Невриј Адеми за време на прес-конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово. Од ЗНМ потенцираат дека правото на новинарите слободно да поставуваат прашања и да известуваат критички е неотуѓиво и суштинско за едно демократско општество, но истовремено подразбира и обврска за почитување на етичките и професионалните норми.

Села: Ќе формирам нова партија – „Албански сојуз“, ќе има црно-црвени бои! Не се откажуваме од идеалите и каузата на АА!

Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците Зијадин Села најавува формирање на нова политичка партија, која ќе се вика „Албански сојуз“.

Почна судскиот процес за обвинетите за злоупотреба на ИПАРД-3 програмата

На раководно службено лице во Агенцијата бил ветен подарок во износ од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени 5.000 евра за да го искористат своето реално влијание и службена положба и да извршат притисок за донесување одлука што не смеела да биде донесена.

(Фото): Заживување на локалниот развој во Свети Николе и во Чешиново-Облешево

Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој и Програмата за намалување на диспаритетите, дополнително дава можност на општините да аплицираат со проекти со цел подобрување на локалната инфраструктура, унапредување на јавните услуги и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.

Премиерот најави реконструкција на Владата за некој месец – Кои министри ќе бидат разрешени?!

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни ќе се дискутира за можни кадровски промени во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери разговараат за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има.

Во Арачиново 13-годишник удрил со форд фокус“ 14-годишник и тешко го повредил!

На 24 март 2026 околу 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, Скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново.

Најнови вести

To top