Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Повикот на лидерот на ДПА за „постигнување целосна политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија“, што би претставувало оживотворување на фантазијата наречена „Република Илирида“, го објави денес весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје во својата информација со наслов „ДУИ чека пред вратата на Мицкоски“.

„Оваа идеја се консумира. Идејата на ДПА за тоа е сè уште тука. Јас раборам на ова  33 години, го знам тоа. Мислам и ќе размислувам вака до крајот на мојата политичка кариера, дури и кога ќе ја напуштам политиката. На Албанците од Македонија им е сѐ ова залудно, ако не постигнат целосна политичка и територијална автономија“, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во емисијата „Дијалог“ на „Лајм“.“

Најнови вести од: Македонија

To top