Македонија

Тачи: Го почитувам Мицкоски бидејќи не го зеде Ахмети во влада

Моето почитување кон сегашниот премиер доаѓа од многу други работи, затоа што тој е лидер на партијата и убедливо ги доби изборите, вели лидерот на ДПА

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вели дека има почит кон сегашниот премиер Христијан Мицкоски, затоа што го исполнил ветувањето дека нема да прави влада со Али Ахмети.

„Моето почитување кон сегашниот премиер доаѓа од многу други работи, затоа што тој е лидер на партијата и убедливо ги доби изборите и немам ништо против него.

Но, мојот респект доаѓа и од една причина, што не го измами Алиу како што го измами Груевски. Алиу посегна по Груевски, а Груевски ја забоде ДПА заедно со Али Ахмети“, рече Тачи во синоќешното гостување на дебатна емисија во ТВ21,.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top