Македонија

Тага и бес во Босна – 12 загинати по пожарот во дом за стари лица во Тузла

На прозорецот имаше човек кому луѓе од улицата му дофрлаа да се засолни. Тој беше на прозорецот долго време. Чадот почна сè повеќе да ја исполнува неговата соба. Како беспомошно да нè гледаше. По неколку моменти, веќе го немаше. Ова е еден од морничавите моменти за кои сведочи фотографот Фарук Бегташагиќ, што го забележал додека го снимал пожарот на врвот од зградата во Домот за пензионери во Тузла што избувна.

Бројот на жртви во смртоносен пожар во дом за стари лица во Тузла се искачи на 12 откако едно тешко повредено лице почина денес во болница, објави „Дневни аваз“. 11 жители на домот починаа во пожарот вчера, претежно од изгореници и труење со јаглерод моноксид, а уште 35 мораа да побараат медицинска помош.

Состојбата на четири повредени лица веднаш беше прогласена за сериозна и сите беа ставени на механичка вентилација на респираторниот систем, но еден таков пациент почина и покрај напорите на лекарите.

Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, изјави во текот на денот дека ќе се спроведе темелна истрага за причините за пожарот и очекува дека сите одговорни за оваа трагедија ќе ги сносат последиците.

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, кој исто така пристигна во Тузла, ги пофали спасувачките служби, велејќи дека реагирале на најдобар можен начин.

Тој потврди дека зградата во која се наоѓа домот за стари лица претходно била означена како проблематична од безбедносна гледна точка.

  • „Исто така, слушнавме одредени информации кои, секако, ќе излезат на виделина преку процесот на истрага и расветлување на сите околности што доведоа до оваа трагедија. Од професионалната противпожарна служба слушнавме дека претходно го лоцирале овој објект како потенцијално опасен и затоа одржале вежби, обучиле вработени и подготвиле проценки на ризик“, рече Никшиќ.

Владата ќе се грижи за жителите

Тој оцени дека директорот на домот, Мирсад Бакаловиќ, постапил правилно кога поднел оставка поради пожарот, но Никшиќ смета дека поради ова, тој не треба однапред да биде прогласен за виновен за трагедијата.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, како што најави ентитетскиот премиер, ќе ја преземе организацијата на сместувањето за преостанатите жители на домот за стари лица во Тузла.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

To top