Македонија

Таналари: Дали меѓународниот чинител е рамнодушен кон уставните промени, или има стратегија за помек притисок и јасни очекувања за реформи?

„Релативната тишина од страна на меѓународната заедница во врска со уставните промени создаде простор за расправа на домашната политичка сцена. Некои политичари го толкуваат тоа како знак дека меѓународната заедница не сака да се меша во толку чувствително домашно прашање. Други веруваат дека станува збор за нова стратегија: помек притисок, но со јасни очекувања за реформи.“ – наведува во својата колумна Африм Таналари, новинар во Албанската редакција на Радио Скопје.

Во својата колумна со наслов „Дали меѓународниот чинител пројавува рамнодушност кон уставните промени во С. Македонија?“ , која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“, Таналари пишува: Во време кога С.Македонија се соочува со големи политички предизвици и жестока расправа за уставните промени, вниманието на меѓународниот чинител се чини дека е помало од вообичаеното. И покрај многуте високите очекувања дека стратегиските партнери – Европската Унија, САД и меѓународните организации – ќе извршат посилен притисок врз политичките страни, нивните реакции беа помеки и повнимателни.

Уставните промени, директно поврзани со евроинтеграцијата и со барањата, што произлегуваат од договорот со Бугарија, предизвикаа внатрешни поделби. Владата продолжува да бара меѓународни гаранции, додека македонската опозиција инсистира на почитување на договорот за добрососедство и француската рамка. Албанските политички партии се без стратегија за дејствување, но со конструктивен пристап „за“ уставните промени. Во оваа политичка игра, улогата на меѓународниот чинител често се смета како одлучувачка.

Сепак, во последните месеци, изјавите од странските партнери се поопшти и им недостасуваат силните тонови, чуени во слични ситуации во минатото. Геополитичките промени во регионот, глобалните кризи и промената во насоченоста на ЕУ може да бидат причини за овој порезервиран пристап, како и промената во американската дипломатија по Трамп.

Во меѓувреме граѓаните остануваат неодлучни меѓу две крајности: желбата за европска интеграција и балканските вознемирености. Во отсуство на повидлива меѓународна посветеност одговорноста за постигнување решение се чини дека повеќе паѓа врз институциите и политичките лидери во земјата.

Останува да се види во наредните месеци дали овој мек пристап на меѓународниот чинител ќе помогне, или ќе создаде поголема неизвесност. Ова ќе биде период клучен за политичката и европската иднина на С.Македонија. – заклучува Таналари во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top