Македонија

Таравари ја достави оставката до Владата

Арбен Таравари ја депонираше оставката до премиерот Христијан Мицкоски. Го цени тоа што му дале можност да биде министер во значаен период за здравствениот систем, но го напушта владејачкото мнозинство, пренесува Тв Алфа. Од друга страна остава отворена врата за соработка во рамките на собранието со партиите на власт. „Одлуката ја носам по внимателна, лична […]

Арбен Таравари ја депонираше оставката до премиерот Христијан Мицкоски. Го цени тоа што му дале можност да биде министер во значаен период за здравствениот систем, но го напушта владејачкото мнозинство, пренесува Тв Алфа. Од друга страна остава отворена врата за соработка во рамките на собранието со партиите на власт. „Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката. Оставката од Кабинетот на премиерот ќе биде препратена до Собранието каде пратениците само ќе ја констатираат, нема потреба од гласање. Во законодавниот дом, коалицијата Вреди достави до спикерот Гаши барање за промена на координаторот на пратеничката група. Наместо пратеникот Халил Снопче, за координатор на пратеничката група на Влен е избран пратеникот Беким Ќоку кој доаѓа од редовите на косовското движење Самоопределување. Извор: https://alfa.mk/arben-taravari-ja-dostavi-ostavkata-mu-bilo-chest-da-raboti-za-vladata-vo-sobranieto-vredi-napravi-nova-pratenichka-grupa/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=arben-taravari-ja-dostavi-ostavkata-mu-bilo-chest-da-raboti-za-vladata-vo-sobranieto-vredi-napravi-nova-pratenichka-grupa

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top