Македонија

Таравари: Како се нарекува човек кој го продаде народот за да стане амбасадор

  Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во статус на Фејсбук го коментираше заминувањето од партијата на Салим Сулејмани, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата пратеник. „Салим Сулејмани поднесе сензационална оставка пред неколку дена. Тој рече дека заминува од поголема причина што нè изненади… На почетокот не верував дека Салим Сулејмани може […]

 

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во статус на Фејсбук го коментираше заминувањето од партијата на Салим Сулејмани, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата пратеник.

„Салим Сулејмани поднесе сензационална оставка пред неколку дена.

Тој рече дека заминува од поголема причина што нè изненади…

На почетокот не верував дека Салим Сулејмани може да се шегува до овој момент, но сега изненадувањето за кое зборуваше стана официјално:

Салим е назначен за амбасадор во Персискиот Залив.

Нè нарекоа предавници затоа што ги напуштивме платите и луксузот на моќта како знак на несогласување со него, но сега кога вистината официјално излегува на виделина, прашувам:

Како се вика Салим кој го продаде народот за да стане амбасадор?!- прашува Таравари.

Ваљбона на пратеничкото место на Сулејмани кој ја напуши АА

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

To top