Македонија

Таравари се жали: На Албанците никогаш не им било потешко

Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во објава на Фејсбук, напиша дека Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада. „Неуспехот на ВРЕДИ е болен за мене. Тие не се мои непријатели, напротив, повеќето од нив се пријатели и другари кои се жртвуваат од патетичната себичност […]

Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во објава на Фејсбук, напиша дека Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада.

„Неуспехот на ВРЕДИ е болен за мене. Тие не се мои непријатели, напротив, повеќето од нив се пријатели и другари кои се жртвуваат од патетичната себичност на двајца или тројца луѓе!

Ние Албанците никогаш не сме биле во толку лоша состојба како под водство на оваа Влада!“, напиша Таравари.

Најнови вести од: Македонија

Николовски: Од септември Скопје ќе ги добие првата делница од Градскиот воз и првите 30 нови автобуси

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

МВР во акција: за 24 часа приведени 10 возачи!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Хоџа: „Албанија го поддржува студентскиот протест во Скопје и бара да не се оспорува уставното право на употребата на албанскиот јазик во РСМ“

„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

To top