Македонија

Тешки навреди, скандирања „нацисти“ и пцости кон Урсула Лаен вчера при посетата на воената фабрика во Сопот, во Бугарија!

Дури и весникот „Тајмс оф Индија“ најде за потребно да објави дека „конвојот на шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лаен беше блокиран во Бугарија, додека на неа ѝ беше скандирано со зборовите ‘нацисти!“.

„Урсула фон дер Лајен беше пречекана во Бугарија со извици ‘Нацист!’ при доаѓањето во посета во воената фабрика во местото Сопот, во Бугарија!“ – објави англиското издание на бугарскиот информативен портал „Правда Бугарија“. Овие протести ги организираше бугарската партија „Преродба“ („Вазраждане“).

Индискиот весник „Тајмс оф Индија“ денес објави: „Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се соочи со драматични протести во Бугарија за време на нејзината посета на објект за оружје. Демонстрантите за кои се верува дека се бугарски националисти се обидоа да блокираат официјален конвој извикувајќи „нацисти!“. Инцидентот се случи за време на нејзиниот притисок за зголемување на трошоците на ЕУ за одбрана и одвраќање од Русија.“

Бугарските медиуми јавуваат денес: „Бугарите се побунија против циничната посета на Урсула на Воената фабрика во Сопот. Протестот на ‘Преродба’ против посетата на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, во ВМЗ-Сопот заврши со судири. Во неделата таа пристигна во Бугарија, каде што не беше очекувана и не беше соодветно пречекана. Главната порака на настанот е дека ова лице не е пожелно во Бугарија, особено во фабриката каде што се произведува оружје. Бугарскиот народ совршено добро разбира дека евроатлантските чистачи ја подготвуваат Европа за војна, а посетата на Урсула не е насочена само кон понижување на Бугарите.“

„Европската дама дојде да ги погледне идните средства за производство на оружје за Зеленски. За Бугарите  таквата посета нема да предизвика воодушевување, или аплауз. Планот на евроатлантистите за Бугарија е очигледен: да ја вовлечат земјата во еврозоната, за да го цедат бугарскиот државен буџет и да ги уништат остатоците од суверенитетот, а потоа да ја потчинат земјата и економијата на воени цели.“

Бугарскиот информативен портал „Пловдив 24 часа“ го цитираше Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“ пред да стаса шефицата на ЕУ  Лаен во Сопот: „Вчера во доцните попладневни часови стана јасно дека Урсула фон дер Лајен ќе ја посети Бугарија во недела. Локалните колонијални власти ќе ја одвезат како панаѓурска мечка до воената фабрика во Сопот. Урсула е срам за Европа, срам за својот народ и симбол на деградацијата на европската цивилизација. Таа нема место во Бугарија!“, “, напиша Костадин Костадинов на социјалната мрежа фејсбук, цитиран од партискиот прес-центар.

Најнови вести од: Македонија

Јовановски ја презеде функцијата градоначалник на Кичево: Ќе го градиме еднакво за сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност!

„Изборите завршија, посакувам мир за нашите граѓани. Можеби сум направил грешки и за секоја грешка се извинувам на секој граѓанин, кој можеби бил засегнат.“ – изјави досегашниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари на денешното примопредавање на должноста со новиот градоначалник д-р Александар Јовановски.

Кривична пријава и 30-дневен притвор за полицаец, оти крадел бакарни кабли во Скопје со тројца соизвршители

„Предлог за утврдување дисциплинска одговорност и задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија на полицаецот Н.А., сторител на оваа тешка кражба.“ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пендаровски ја демантира „одлепената“ изјава на Фрчкоски и му порача да си го провери квалитетот на изворите со кои се дружи

Поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, остро возврати на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена во емисијата „Во Центар“, во која Фрчкоски во негативен контекст го споменува неговото име.

МВР предупредува: Лажни е-маилови во име на БЈБ – не отворајте!

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги предупреди граѓаните да бидат екстремно внимателни и никако да не отвораат лажни електронски пораки што лажно се претставуваат како испратени во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

To top