Македонија

ТИТАН Усје со позитивни искуства во циркуларната економија и напредните системи за управување со отпад

Амбасадорот на Швајцарија се увери дека има иднина во управувањето со отпадот

Најновите практики во циркуларната економија и напредните системи за управување со отпад беа во фокусот на посетата на  амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер. ТИТАН Усје е еден од пионерите во земјава во примена на принципите на циркуларната економија и континуирано инвестира во нејзино унапредување. Амбасадорот Зомер имаше прилика да се информира и за процесите за декарбонизација, како и за активностите што компанијата ги реализира во насока на зелена и одржлива транзиција на индустријата.

Главниот извршен директор Константинос Николау ги презентираше искуствата на компанијата и напредните технологии во користењето на алтернативни горива од фракции од отпад и иновациите што се дел од секојдневните операции на ТИТАН Усје.

– Како членка на меѓународната групација ТИТАН, одржливоста во компанијата се негува како суштински дел од нашиот идентитет и корпоративна култура. Наш приоритет е имплементирање на најдобрите практики и иновативни решенија во областа на декарбонизацијата и управувањето со отпадот. ТИТАН Усје е една од првите компании во земјата која ги примени принципите на циркуларната економија, а истовремено постојано работиме на нивно унапредување. Оваа посета е можност за зајакнување на партнерствата, но и за поголема соработка и размена на искуства кои придонесуваат кон подобра животна средина и одржлива иднина. Ние сме подготвени да ги споделиме нашите искуства и да помогнеме што повеќе ентитети да започнат со примена на овие принципи, бидејќи така општеството ќе има поголеми придобивки – потенцира Николау.

Во рамките на посетата беше презентирана и постројката за алтернативни горива, една од првите од овој вид во земјата. Употребата на алтернативните горива во голема мерка придонесува за поголема декарбонизација во земјата.

Користењето на отпад и преработки од отпад како алтернативно гориво во цементната индустрија е светски потврдена праска коjа се применува повеќе од 50 години во ЕУ и во САД. Во моментов над 40% од енергенсите што се користат во цементната индустрија во Европската Унија и во другите земји доаѓаат од алтернативни горива кои потекнуваат од отпад. При посетата, амбасадорот Зомер ги истакна искуствата од оваа област во Швајцарија и истакна:

– Примената на нови технологии базирани на принципот на одржливост мора да биде приоритет. Токму циркуларната економија и практиките кои се применуваат во рамките на овој концепт се одлична основа за суштинска промена во начинот на водење на бизнисите и во начинот на живот. Во мојата земја овие практики имаат широка примена и навистина ми е драго што гледам дека постојат и тука иницијативи, што упатува на можност за соработка за поголем напредок.

Компанијата ги презентираше инвестициите направени во модернизација, дигитализација и иновативни процеси, кои овозможуваат зголемена енергетска ефикасност, намалена потрошувачка на ресурси, како и значително редуцирање на емисиите на CO₂. Амбасадорот Зомер ја поздрави посветеноста на компанијата на принципите на одржливост и нејзината улога во промовирањето на еколошки одговорни индустриски стандарди во земјата.

ТИТАН УСЈЕ, која годинава одбележува 70 години постоење, континуирано инвестира во напредни технологии и системи за оптимизација. Годинава компанијата ја доби и највисоката меѓународна потврда за управување со отпад – Zero Waste to Landfill Platinum Certificate.

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Уништени над 600 килограми отровна храна – вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

На територијата на целата држава биле спроведени вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани, како и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Од Агенцијата додаваат дека по спроведените контроли, во пресрет на празниците, биле изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност.

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

To top