Македонија

Тони опасен хемиски отпад отстранети од Институтот за јавно здравје

Повеќе од 10 тони опасен хемиски отпад биле складирани повеќе од една деценија во рамки на Институт за јавно здравје, кој се наоѓа во комплексот на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје

 

Според директорката на Институтот, Марија Андоновска, станува збор за лабораториски исцедоци и различни видови хемикалии, дел од нив лесно испарливи и запаливи, што претставувале потенцијална опасност.

Отпадот сега е безбедно отстранет и ќе биде транспортиран надвор од државата за уништување.

Директорката Андоновска на својот Фејсбук профил сподели фотографии складираниот отпад.

Најнови вести од: Македонија

To top