Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ има цел да спаси животи, а не да казнува

Само за два месеца на годишно ниво бројот на жртви во сообраќајот паднал од 11 на 2 со камерите, вели министерот за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја нагласува превентивната функција на системот „Безбеден град“ во поглед на безбедноста на учесниците во сообраќајот и оти целта на поставените камери на сообраќајниците не е да се казнува.

„Камерите успеаја бројот на починати, како последица на непочитување на сообраќајните правила, на територија на СВР Скопје да го намалат од 11 во декември и јануари минатата година на два смртни случи во декември 2025 и јануари 2026 година, заклучно со 20 јануари. Бројот на повредени лица, како последица на непочитување на сообраќајни правила, споредено за овие 50-тина дена со крајот на 2025 со почеток на 2026 година и крај на 2024 со почеток на 2025 година за истите месеци – декември и јануари – е намален за 35 отсто. Имаме за 35 отсто помалку повредени лица на територија на СВР Скопје компарирано со претходните два месеца“, изјави Тошовски во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

Министерот најави дека граѓаните ќе имаат можност да платат на повеќе начини – во банка, со картичка во најблиската полициска станица, преку електронски апликации на банките, а ќе има и посебна апликација изготвена од МВР, со посебна заштита на корисникот.

Тошковски жали што СДСМ не дал поддршка на овој проект, прашувајќи што правела партијата осум години наназад на власт во поглед на безбедноста во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ да го повика избеганиот ексдиректор на ЕСМ Васко Ковачевски да се врати во РМ и да се соочи со правдата!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од СДСМ да се однесува критички како сега, но и кога високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Мицкоски oчeкува СДСМ да го повика избеганиот поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски да се врати во земјава и да се соочи со правдата.

Потреба за самозаштитна „македонска геополитика“ на „мрежи на врски и приспособливи партнерства“ со држави ширум светот, заради запазување на државно-националните интереси

Македонската држава, за разлика од доскоро, почна да развива и своја „македонска геополитика“. Во неа, очигледно е дека нема да биде како досега доминантна „беззаветната и доживотна љубов само кон ЕУ“, туку влегувајќи во новиот светски мултиполарен поредок таа ќе создава и свои суверенистички мултилатерални мрежи на партнерства со држави и асоцијации на држави и надвор од европскиот континент врз основа на своите државно-национални политички и економски интереси и потреби.

АВМУ го искара Филипче за изјавата за медиумите

Апсолутно недозволиво е носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите“, наведуваат од Агенцијата

To top