Македонија

И денеска облачно, ветровито и можен дожд

Според УХМР, најниски температури утрово се измерени на Попова Шапка (4°C), Крушево (6°C) и Лазарополе (7°C), додека 10 степени се регистрирани во Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци и Струмица

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за појава на локален дожд во одделни региони од земјата.

Долж Повардарието се очекува засилен југоисточен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 12 Целзиусови степени, додека максималните дневни вредности ќе изнесуваат од 17 до 23 степени.

Според УХМР, најниски температури утрово се измерени на Попова Шапка (4°C), Крушево (6°C) и Лазарополе (7°C), додека 10 степени се регистрирани во Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци и Струмица.

Најтопло утрово било во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија со 11 степени.

Во изминатите 24 часа наврнале најмногу врнежи во Битола – 11 литри на метар квадратен, во Претор 10, а во Тополчани 8. Помали количества се регистрирани во Крушево, Охрид, Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес, Струмица, Берово, Куманово, Штип, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка.

Снежна покривка од 13 сантиметри е измерена само на Попова Шапка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top