Македонија

Тошковски: Интерпелацијата од Левица е обид за блокирање на борбата против криминалот!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени интерпелацијата поднесена од Левица како политички мотивиран обид за попречување на процесите за борба против криминалот и корупцијата. Интерпелацијата е на дневен ред на денешната собраниска седница, пренесе МИА. Во објава на социјалните мрежи, Тошковски посочи дека станува збор за трета интерпелација против него за помалку од две години и оцени дека зад иницијативата стојат политички, а не суштински мотиви. -Левица ја најави третата интерпелација против мене за помалку од две години. Како и претходните две, и оваа беше претставена преку режирана прес-конференција, повеќе како политички настап отколку како иницијатива заснована на аргументи – наведе Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека интерпелацијата е легитимно демократско право на опозицијата и порача дека нема намера да ја избегне расправата. -Ниту сум бегал, ниту ќе бегам од дебата. Аргументите ќе ги соочам во Собранието, јавно и транспарентно, пред пратениците и граѓаните. Одлуката нека ја донесат избраните претставници на народот согласно својата совест и одговорност – истакна министерот. Во својата реакција тој упати критики кон Левица, оценувајќи дека партијата, „свесно или несвесно“, дејствува во корист на опозициските партии СДСМ и ДУИ. Според него, раководењето со институција и носењето одговорност се значително покомплексни од политичката критика од опозициските клупи.

-Лесно е да се поднесуваат интерпелации и да се организираат прес-конференции, но многу потешко е да се управува со институција, да се носат одлуки и да се гарантира безбедноста на граѓаните – наведе Тошковски.

Министерот оцени дека иницијативата не претставува грижа за државните интереси, туку обид да се забават процесите на расчистување со криминалот, корупцијата и неказнивоста. -Оваа интерпелација не е израз на грижа за државата, туку политички обид да се закочи процесот на воспоставување ред и одговорност. Кога системот почнува да функционира, најмногу се вознемируваат оние кои со години профитирале од неговото нефункционирање – порача Тошковски.

Тој додаде дека ќе продолжи да работи, како што наведе, „со аргументи и резултати“, а конечната оценка за неговата работа ќе ја дадат граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top