Македонија

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава

Нивната работа е далеку од очите на јавноста, но без нив полицијата би била „глува и слепа“

Нивната работа е далеку од очите на јавноста, но без нив полицијата би била „глува и слепа“. Вака министерот Панче Тошковски ја опиша важноста на Одделот за информатика и телекомуникации, чии припадници ги посети денеска на самиот врв на Јакупица – Солунска Глава.

„Тие се грижат комуникациските и информациските системи на МВР да бидат стабилни 24 часа, секој ден од годината. Без стабилна комуникација, полицијата не може да координира, да реагира навреме ниту ефикасно да ја извршува својата улога“, порача министерот.

Тошковски нагласи дека оваа тивка и високо одговорна работа е еден од темелите на безбедноста на државата и им се заблагодари на колегите што професионално и без пауза ја носат оваа одговорност дури и за време на најголемите празници.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Последните статистички параметри кои што ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и „џини-коефициентот“, само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите

Убиство во Старата чаршија во Скопје за време на новогодишната ноќ

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.

Вицепремиерот Арбен Фетаи, еден од лидерите на Вреди, се огласи со честитка за Новата 2026-та, посакувајќи година на нови успеси за сите граѓани

„Повеќе реформи, поголема одговорност и еднаквост, инвестиции во образованието, здравството и економскиот развој, за една Република, во која секој граѓанин живее со целосно достоинство. Вреди е обединета, силна и камен-темелник на нашата иднина! Среќна Нова Година! Нека 2026 година биде година на нови успеси за сите нас!“, нагласува Арбен Фетаи во својата новогодишна честитка.

Двегодишно дете погодено со куршум во главата, состојбата му е критична, бурно ja поминалo ноќта на хируршките клиники

Детето е во животозагрозувачка состојба. Засега лекарите немаат информации за околностите, во кои е застрелано детето и упатуваат тие информации медиумите да ги побараат од полицијата.

To top