Македонија

Тошковски: Левица свесно или несвесно станува најкорисен сојузник на СДСМ и ДУИ

Од таа партија уште еднаш покажаа дека свесно или несвесно станувааат најкорисен сојузник на СДСМ и ДУИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека интерпелацијата што за него ја поднесе „Левица“ и која е на дневен ред на денешната собраниска седница е слаб политички напор за забавување на процесот на расчистување на криминалот и корупцијата.

Со него, вели, „Левица“ уште еднаш покажа дека свесно или несвесно станува најкорисен сојузник на СДСМ и ДУИ.

„Левица“ ја објави третата интерпелација против мене за неполни две години. Како и претходните две, така и оваа беше објавена повторно преку монтирана прес-конференција, повеќе со слободно политичко шоу отколку со суштински аргументи“, напиша Тошковски на својот Фејсбук профил по објавувањето на интерпелацијата на „Левицаа“.

Според министерот Тошковски, интерпелацијата е демократско право на опозицијата и, како што вели, целосно го почитува ова право.

„Ниту бегав, ниту ќе бегам од расправата. Напротив, ќе се соочам со аргументите таму каде што треба, во Собранието, јавно, пред сите пратеници и пред граѓаните. Таму секој ќе има можност да каже што мисли, а одлуката ќе ја донесат избраните претставници на народот, во согласност со нивната совест и одговорност. покажано свесно или несвесно, станува најкорисен сојузник на СДСМ и ДУИ Истите партии против кои изградија имиџ на алтернатива и ветуваа поинаква политика, денес практично ги бранат преку напади врз секој што се обидува да воспостави ред, одговорност и функционирање на системот“, напиша Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top