Македонија

Тошковски: Не е случајност за три дена четири пожари на депонии во Скопје – Преземено е се што можеше против ваквите животно загрозувачки катастрофи

„Досега над 40 луѓе се лишени од слобода за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор. Но, засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе.“ – посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Во три дена ни горат четири депонии во Скопје, што диви, што легални. Господ не може да ме убеди дека ова е случајност. За секој за кого ќе има докази, ќе преземеме се за што ќе добиеме наредба од ЈО по насоки на судот. Досега над 40 луѓе се лишени од слобода за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор. Засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе. Во оваа држава каде и да копнете, се е гнило и испаѓаат проблеми. кои денес не ставаат во ваква ситуација. Но, за разлика од претходно, ние дејствуваме со ресурсите, со кои располагаме.“ – изјави синоќа министерот за внатрешни работи на Република Македонија Панче Тошковски на вонредната прес-конференција синоќа по избувнувањето на огромниот пожар кај Трубарево. 

Пожарот на опасниот отпад избувна вчера уште околу 13 часот во центарот за рециклирање на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соработник на компанијата „Нула отпад“ која е е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и секаков друг електронски отпад. За кратко време се рашири густ црн чад и огнените јазици се проширија на неколку околни објекти. Селото Трубарево е на 10 километри од центарот на Скопје, на регионалниот пат кон Велес. Во близина на Трубарево се населените места, Горно Лисиче и Долно Лисиче, Маџари, Гоце Делчев, Јурумлери.

Претходно Тошковски истакна дека ваков тип на пожари како овој во Трубарево се случиле во Франција, Белгија, Литванија и други земји што укажува на тоа дека проблемот е глобален. Ова е прв пат да се случи ваков тип на пожар во Македонија – рече министерот Тошковски.


„Во текот на денот и во овој момент, неколку булдожери се поставени на лице место. И огромен број припадници на МВР, на Армијата… Се работи интензивно. Но, пожарот ќе трае. Дронот констатираше температура од 500 степени над пожарот. Не горат само дрвја, туку горат и батерии. Н95 маски се носат од страна на МЗ и од другите институции, маски носи на лице место и Црвениот крст. Од страна МВР се доставени 150 гас маски. Од страна на МО доставени се 50 маски, на луѓето кои се во самото жарипте, во багерите, им се дадени посебни кислородни маски. Во вакви моменти мораме здружено да настапиме зашто вакви кататсрофи се животни загрозувачки. Се што можеше да се преземе – преземено е.“ – изјави Тошковски.

КН 95 маски се доставени и до жителите, а најмногу на ризик се изложени тие кои се во периметар од 150 метри од жариштето, повтори министерот. „До 150 метри загаденоста е висока, до 200 метри загаденоста е средна, од 200 до 400 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри МО и неговите мерни инструменти не констатирале загаденост на воздухот. Од страна на Дирекцијата за радиолошки зрачења на МО не е констатирана ни радиолошка загаденост.“ – посочи првиот човек на Министерството за внатрешни работи Тошковски.

На прашањето каде бил во текот на вчерашниот ден Тошковски одговори дека утрото прво бил во Оризари на помен на дете загинато во Кочани, потоа бил да запали цвеќе на секој загинат во кочанскиот пожар во Пулс, а од 16 часот е во Скопје и се справува со пожарот во Трубарево. На прашањето дали чувствува срам, тој нагласи: „Дали ми е срам да работам за својот народ? Не! Дрисла се палела и во 2023, во 2024 и во 2025 година. Истото е и со Вардариште. Срам ми е што морам да кажам ние после 35 години немаме капацитети да се справиме со вакви состојби како што треба. Тоа ми е срам. А не ми е срам што работам за народот. Ова е прв ваков пожар на ваков тип на фабрика.“

На прашањето за дозволата за фабриката за батерии, тој посочи : „Во овој момент не можам официјално да соопштам за дозволата. По насока на ЈО три лица се во ПС и повеќе не можам да кажам. Оние граѓани кои се во рамки на 150 метри, кај тие граѓани одевме од куќа до куќа и им кажувавме дека треба да се евакуираат. Тие луѓе во прв момент се известени. Овие параметри се од мерни инструменти кои што ги користи специјализирана единица на МО. Дали мириса? Да и овде се чувствува, но нема загаденост подалеку од 400 метри согласно специјализираната единици со специјални инструменти на МО.“ – појасни Тошковски.


Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top