Македонија

Тошковски: „Секое непромислено однесување ќе биде санкционирано“

Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи…

Откако МВР објави дека се пронајдени младите деца кои дивееја на улиците низ Ѓорче со автомобил, на социјалните мрежи се огласи и Министерот за внатрешни Панче Тошковски.
„Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи.
Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано“, напиша министерот на ФБ.

Имено, полицијата ги откри сторителите на „лудото возење“ откако на социјалните мрежи се појави видео од момчиња како во буквална смисла лудуваат низ скопските улици.

Едното момче стои на хауба додека возилото вози без регистарски таблички, а други двајца висат од отворени врати.

Видеото предизвика лавина негативни коментари за момчињата.

МВР објави дека се поднесени пријави против момчињата кои дивееја со автомобил по скопските булевари, а при тоа едниот играше качен на хаубата, а другиот ја отвори вратата додека возилото бше во движење.

При тоа, возачот на автомобилот немал возачка дозвола, а возилото било без регистарски таблички, како што откриваат од полицијата.

Најнови вести од: Македонија

Децата пушат цигари на 9 години, алкохол на 13, а се клукаат и со седативи, марихуана, кокаин

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

Апел: Ранливите категории скопјани да останат дома

Се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

To top