
По вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп кој тврди дека Кока-Кола се „согласила“ да го замени видот на шеќер во американската Кока-Кола многумина во светот но и во Македонија прашуваат дали ова важи и за другите земји или само за САД.
Кока Кола не кажува каде се помалку штетниот шеќер ќе биде воведен во светот но мало истражување покажува дека во Македонија каде производите на овој бренд се водечки на пазарот веќе се користи помалку штетен шеќер.
Практично Трамп за Американците бара Кока Кола да користи иста материја како таа што ја има во пијалокот за Македонците.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гигантот за пијалаци Кока-Кола се согласил да го замени сирупот од пченка со висока фруктоза со вистински шеќер од шеќерна трска во својот главен американски безалкохолен пијалак Кока-Кола.
Што има во македонската Кока Кола?
Составот на Кока-Кола произведена во Македонија, според стандардните информации за Кока-Кола, вклучува следниве состојки:
Газирана вода
Шеќер (во Европа, вклучително и Македонија, обично се користи шеќер од шеќерна репа или трска, за разлика од високофруктозен пченкарен сируп кој се користи во САД)
Јаглена киселина (регулатор на киселост)
Природни ароми (вклучувајќи кофеин)
Фосфорна киселина
Карамел боја (E150d)
Точната формула на Кока-Кола е трговска тајна, но овие се основните состојки наведени на етикетите во повеќето земји, вклучително и во Македонија.
Според некои извори, Кока-Кола од Македонија, произведена во Пивара Скопје, се смета за една од највкусните во светот, делумно поради употребата на шеќер наместо високофруктозен пченкарен сируп и квалитетот на водата од македонските планини.
За точен и ажуриран состав, препорачуваме да ја проверите етикетата на производот или официјалната веб-страница на Coca-Cola Македонија (https://www.coca-cola.mk/)
,,Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од шеќерна трска во Кока-Кола во САД, и тие се согласија да го направат тоа. Би сакал да им се заблагодарам на сите надлежни во Кока-Кола. Ова ќе биде многу добар потег од нивна страна – ќе видите. Едноставно е подобро”, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл
Кока-Кола во изјава му се заблагодари на Трамп за неговиот „ентузијазам за иконскиот бренд Кока-Кола“ и рече дека наскоро ќе сподели „повеќе детали за нови иновативни понуди во асортиманот на производи на Кока-Кола“, без да потврди каква било промена во состојките.
Самиот Трамп е познат како љубител на Диетална Кола (Diet Coke), верзија на пијалакот без шеќер со вештачки засладувачи.
Акциите на компанијата Archer-Daniels-Midland, главен производител на пченкарен сируп, паднаа за околу шест проценти во тргувањето по работно време во САД по објавата на Трамп.
Сите научни студии препорачуваат избегнување на прекумерно користење на шеќери.