Македонија

Трипуновски: ЕУ jа поздрави реакцијата на Владата за запирање на постапките во Платежната агенција со парите од ИПАРД до расчистување на случајот

„Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори од ИПАРД 3 – програмата кои што се во фаза на реализација, се запрени по скандалот со директорот на Платежната агенција. Ги демантирам шпекулациите во јавноста дека ‘Брисел нѐ блокира, ќе бидат изгубени парите и т.н’, што апсолутно не е точно.“ – истакна вчеравечер, на 12 ноември 2025 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

„Борбата со криминалот нема селекција. Без најави, без политички притисоци, без многу обзнанување во јавноста, или било какви реакции, се дејствува да се запре каква било корупција во државата. Само на тој начин дејствува сериозна Влада како што е Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тука нема простор за дополнителни објаснувања. Веднаш по по откривањето на овој случај државата преку механизмите, кои постојат, презема активност, за да се направат дополнителни проверки што се случувало во Платежната агенција. Ги демантирам шпекулациите во јавноста дека ‘Брисел нѐ блокира, ќе бидат изгубени парите и т.н“, Тоа апсолутно не е точно. Напротив, Брисел ја поздрави нашата брза реакција како држава за запирање на сите постапки, кои во моментов се во Платежната агенција во врска со парите од ИПАРД.  Ние ќе провериме што се случувало внатре во Агенцијата. Ова е само еден контролен механизам, со кој ќе се разјасни што се случувало во Агенцијата.“ – изјави министерот Трипуновски. 

Тој посочи дека само македонските институции проверуваат што се случувало во Платежната агенција. „ИПАРД 3 програмата е за периодот од 2021 -2027 година: на располагање ни се ставени 128 милиони евра, кои  се поделени тековно по секоја година за реализација. Од ИПАРД 3 програмата се склучени 453 договори, кои веќе се во завршна фаза. Само 50-тина договори се во фаза на реализација и запрени се само тие договори во моментов на проверката.  Опозицијата се обидува да наметне претстава дека сѐ ќе се блокира во државата. По проверката ќе го известиме Брисел и Агенцијата ќе продолжи со тековни активности. Денововиве ќе назначиме и нов директор на Платежната агенција.“ – појасни Трипуновски.

Тој упати повик до земјоделците да бидат спокојни, бидејќи тековно ќе продолжи работата на Платежната агенција. Трипуновски нагласи дека контролата се врши само во врска со реализацијата на ИПАРД-програмата, а не и на националните плаќања. Тој напомна дека се покренати постапки во обвинителството во врска со незаконското работење на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, додавајќи дека досега нема никаква реакција.

„Создавачите на сите проблеми, на коруптивните дејства во времето додека беа на власт, не можат да бидат дел од решенијата, кои ги нудат. Ние, како држава, имаме преземено низа акции, за да утврдиме што се случило точно во Платежната агенција и тука не гледам никаква потреба за нивна помош. Поранешниот министер Николовски е деновиве многу гласен во јавноста и се обидува да манипулира со неа. Тоа не е коректно. Тоа е најкриминогениот министер од оваа опозиција во минатото. Како министер по влегувањето во Министерството преземав низа активности за проверка на неговото работење. Имам поведено неколку постапки пред Јавното обвинителство, но тие повеќе од една година дена не се процесуирани: постапки за сериозни злоупотреби на буџетски средства, прекршени закони и т.н. Уште еднаш повикувам по допрен глас и доставени документи да преземаат активности, да ги испитаат овие случаи.“ – рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top