Македонија

Трипуновски: Иднината на земјоделското производство во Македонија e да започнат младите да се занимаваат со него

На јавниот повик за млади земјоделци пристигнале вкупно 254 пријави, од кои се одобрени 117. Ова е само една од мерките, што досега се реализирани. Во 2026 година ќе бидат објавени и нови програми, наменети за младите земјоделци.“ – информира првиот човек на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски.

„Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски продолжува со засилена поддршка за осовременување на земјоделството. Посебна нагласка се става и на младите земјоделци. Во интервју за „Њузмакс Балканс“ тој ги претстави резултатите од реализираните повици, но и плановите за следниот период.

„Како Министерство работиме на осовременување на земјоделството: веќе се објавени низа јавни повици, заради поттикнување на македонските земјоделци. Покрај стандардните и редовните ИПАРД-објави за набавка на механизација, преку националните програми објавивме серија јавни повици.“ – истакна  Трипуновски.

Еден од највпечатливите повици е т.н. мерка „50-50“, со која Министерството софинансира набавка на современа земјоделска механизација. „Првиот јавен повик од националните програми, кој го објавивме е за набавка на механизација. Тоа е мерката, позната меѓу земјоделците како ’50-50′, при што софинансираме набавка на современа механизација.“ – укажа министерот Трипуновски. 

Реализирани се повици и за приклучна механизација, како и за набавка на современи системи за заштита на земјоделските производи од климатските промени. Тука би сакал да го споменам и јавниот повик за инвестиции за набавка на опрема за производство на храна од животинско и неживотинско потекло, тоа е за малите семејни бизниси. Во овој јавен повик се и инвестициите за производство на вино и алкохолни пијалаци од помал обем. Преку овие јавни повици даваме пари за набавка на опрема и машини, кои ќе значат осовременување и подобрување на постојните капацитети.“ – посочи Трипуновски.

Особено внимание Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветува на младите земјоделци, како двигатели на иднината во аграрниот сектор. Тоа веќе дава конкретни резултати. Министерот Трипуновски информира дека на јавниот повик за млади земјоделци пристигнале вкупно 254 пријави, од кои се одобрени 117. Тој нагласи дека ова претставува само една од мерките, што досега се реализирани. Во наредната година ќе бидат објавени и нови програми, наменети за младите земјоделци. Министерот Трипуновски испрати јасна порака за иднината на земјоделството: „Клучот на иднината на земјоделското производство во Македонија, регионот и во светот е внесување свежа енергија, односно младите луѓе да започнат да се занимаваат со земјоделство.“ .

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top