Македонија

Трипуновски: СДСМ манипулира, субвенциите за земјоделците не се скратени

Министерот за земјоделство вели дека опозицијата ја манипулира оваа тема за да добие политички поени

 

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, ги отфрли обвинувањата за намалување на субвенциите за 40 милиони евра.

Министерот за земјоделство вели дека опозицијата ја манипулира оваа тема за да добие политички поени.

„Новината во Програмата за 2026 година е јасната распределба на средствата. Приоритет ќе им се даде на вистинските земјоделци, на оние кои живеат од земјоделство.

Во претходните години беа идентификувани таканаречените „ловци на субвенции“, кои не работат земјоделско земјиште, туку аплицираат за финансиска поддршка“, рече Трипуновски.

Oпозициската партија СДСМ соопшти дека Министерството за земјоделство ги скратило субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра, докажувајќи, според нив, дека оваа влада не им дава приоритет на одгледувачите на земјоделски култури во земјата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

To top