Македонија

Триумф на Македонската филхармонија среде Виена (ВИДЕО)

„Тешкото“ и „Калино моме“, во изведба на Ана и игор Дурловски, ја кренаа на нозе публиката во преполниот „Музикферајн“

Преполната сала и стоечките овации на пробирливата австриска публика најгласно зборуваат за успешниот концерт на Македонската филхармонија синоќа во Виена во рамките на одбележувањето на 80-годишнината од нејзиното основање.

Оркестарот на Филхармонијата, заедно со брачниот пар Дурловски, сопранот Ана и басот Игор, одушевија со маестралната изведба на делата на Глигор Смокварски и на Бете Илин, како и со петте традиционални македонски песни во аранжман на композиторот Сони Петровски.

Под сводовите на „Златната сала“ на „Музикферајн“, во која светот секој 1 јануари сведочи на волшебниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија за кој потоа се прераскажува цела година, посебно одекнаа „Тешкото“ од Глигор Смокварски и „Калино моме“ од Петровски, во чија изведба брилираа Дурловски.

Со овој концерт се одбележаа и 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓуѕ Македонија и Австрија.

 

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top