Македонија

ЦУК: На отворен простор 31 пожар во изминатото деноноќие во Македонија, осум се активни

Целосно се изгаснати 23 пожари од оние 31 на отворен простор ширум Македонија, информира Центарот за управување со кризи. Пожари биле регистрирани во Крушево, Битола, Делчево, Штип, Струга, Вевчани, Липково, Куманово, Валандово, Сарај, Студеничани, Врапчиште, Тетово, Чучер Сандево, Карпош, Струмица, Василово, Прилеп и Гостивар.

Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар е активен и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во општина Зелениково. Зафатена е мешана шума.

Во општина Студеничани активен е пожарот кај селото Цветово, на стариот пат кон Елово, каде што гори ниска вегетација и ниска шума. Во Македонски Брод активни се пожари на повеќе локации – кај местото Видуш, кај селото Драгов Дол и кај Локвица. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Пожар е активен и во Кичевско, кај селото Тајмиште, во месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума. Во Врапчиште активни се пожарите кај селата Ломница и Ѓурѓевиште, каде што гори мешана шума. Во Маврово и Ростуше пожарот е кај селото Церово, а во Желино, исто така кај селото Церово, гори ниска вегетација и папрат.

 

Најнови вести од: Македонија

Царинските службеници опремени со телесни камери

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално беше промовиран на граничниот премин Табановце

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

Користење фосилни горива во Европа и Македонија

Македонија емитува околу 6,6 до 7,3 милиони тони CO2 во апсолутен износ на годишно ниво. Кога оваа бројка ќе се подели со бројот на жители, се добиваат емисиите на СО2 во тони по жител на годишно ниво и тие изнесуваат 3,5 до 3,6 тони, а тоа е значително подобро од просекот на ЕУ кој изнесува околу 5,5 тони, пишува во колумна професорот Ристо Цицонков.

To top