Македонија

Турско-македонски културен мост преку кинематографијата – нови можности за соработка и зближување

Добитник на специјалната Златна „Камера 300“

Турската кинематографија беше во фокусот на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој годинава му ја додели специјалната Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на еден од најистакнатите турски режисери, сценаристи и продуценти – Семи Капланоглу.

Авторот на познатата „Трилогија за Јусуф“ (Јајце, Млеко, Мед), награден со „Златна мечка“ на Берлиналето во 2010 година, ја прими наградата во Битола, градот на пионерите на балканската кинематографија. „Филмот отсекогаш бил јазик на светлината и сенките, на тишината и гласот, на сеќавањето и сништата… затоа што уметноста е дел од најдлабоките патишта што придонесуваат кон духовниот развој на човекот“, истакна Капланоглу во своето обраќање.

Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Туркије и имаше истакнато присуство на турски филмови и нивните автори. „Целта ни е да ги зголемиме копродукциските проекти меѓу Туркије и Македонија. Како две блиски земји, тука сме да се зближиме уште повеќе“, изјави Бирол Ѓувен, генерален директор за кино на турското Министерство за култура и туризам. Освен проекцијата на филмот „Жито“ на Семи Капланоглу, дел од официјалната фестивалска програма беше дебитантскиот игран филм на Мурат Фиратоглу – „Еден од деновите кога Хеме умре“, додека краткиот филм „Гаран“ на Семи Јилдиз се натпреваруваше во категоријата за кратки филмови.

Во рамките на фестивалот, турското Министерство за култура и туризам и Амбасадата на Туркије организираа прием во историската гимназија „Манастир“ во која учел Ататурк. На настанот присуствуваа продуценти, режисери и филмски уметници од двете земји, како и интернационални гости на Фестивалот.

Неколку членови на турската делегација на фестивалот учествуваа и на панел-дискусијата организирана од Институтот „Јунус Емре“ и Турскиот театар во Скопјe. Панелот беше посветен на новите перспективи за заеднички проекти и на него учествуваа водечки личности од денешната турска филмска индустрија – режисерот, сценарист и продуцент Мурат Фиратоглу, продуцентот Ипек Ерден и режисерот, сценарист и продуцент БуракЧевик.

Особен акцент беше ставен на филмот на Мурат Фиратоглу „Еден од деновите кога Хеме умре“, кој веќе освои престижни награди – Специјалната награда на жирито на 81-от Филмски фестивал во Венеција и наградата за најдобар филм на 31-от Филмски фестивал „Златен бол“ во Адана. Со оваа продукција, Туркије се кандидира за 98-то доделување на наградите „Оскар“ во категоријата „Најдобар меѓународен долгометражен филм“.

Учесниците говореа за предизвиците и можностите што ги носи дигиталната ера, за перспективите на меѓународните копродукции и за тоа како театарот, киното и ТВ-сериите можат меѓусебно да се инспирираат и збогатуваат. „Уметноста е еден од најсилните мостови што ги надминуваат границите и ги зближуваат луѓето,“ беше заклучокот на панелот.

Со оваа интензивна презентација на искуства и идеи, турско-македонската соработка во кинематографијата добива поттик за нова динамика и отвора пат за идни заеднички проекти, градејќи мостови на културна размена и заемна инспирација меѓу двете земји.

Најнови вести од: Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

To top