Телевизијата натаму наведува: Според нив, загубите во мрежата се значителни и директно влијаат врз недостигот на вода во одредени делови. Директорот на претпријатието, Валон Зеќири, истакнува дека во моментов има околу 24 илјади регистрирани потрошувачи кои се фактурираат за вода, во споредба со операторот ЕВН, кој во Тетово има над 40 илјади потрошувачи. Разликата укажува на голем број корисници кои не плаќаат.
„Инкасантите што ги имаме веќе започнаа со регистрација, но кога дојдов јас како директор имаше 21 илјада, сега имаме 24 илјади. Три илјади се нови регистрации и секојдневно сме на терен со нови регистрации. Околу 16 до 18 илјади се клиенти што не плаќаат, и ако се пресмета само таксата од 100 денари, тоа е сума со која би можеле да се покријат платите на сите вработени.“, вели Валон Зеќири.
Од друга страна, граѓаните на Тетово велат дека вода има, но бараат подобро управување и фер наплата за сите. Според една студија за изводливост, во Тетово околу 35% од водата се губи во амортизираната мрежа, додека уште 35% се троши без да се фактурира, главно поради нелегални приклучоци.