Македонија

ТВ24: Ралев извиси, Шукова веројатен кандидат на СДСМ за Скопје

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно дека првиот опозиционер ќе оди со тврдо партиско решение – неговата потпретседателка и екс министерка во Владата на Димитар Ковачевски Каја Шукова, која ќе му се спротистави на Орце Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, објави ТВ24.

Официјално Филипче ќе го објави кандидатот за метрополата на крајот на месецот, a дотогаш не се исклучува уште еден обид на првиот опозиционер за независен фаворит, кој би можел да повлече гласови, но тоа засега е малку веројатно. Засега барем официјално ДУИ и Вреди не се истакнале дали ќе истрачаат со свој фаворит за метрополата , но очекувањата се во таа насока.

Од скопските општини, СДСМ се мисли во Кисела Вода да истрча со екс директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, кој беше осомничен за пожарот во Кочани, но за него беше стопирана постапката и не се најде во обвинението. Според неофицијалните информации Мицкоски се мисли за пратеничката Бети Стаменковска. Филипче конечно се очекува да го официјализира и Перо Костадинов за Валандово. По повеќе месечно убедување, но и мислење  – според информациите на ТВ 24, решил да трча за трет мандат.

Во повеќето општини СДСМ ќе игра со претседателите на општинските општини, а во уште неколку се очекува да има изненадување, главно од колегите на Филипче во лекарската фела.

Она што е интересно е дека откако пропадна идејата на лидерот ан СДСМ со премиерот и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ да истрачаат со заеднички кандидат во Кочани по катастрофата во „Пулс“ според партиски извори ВМРО-ДПМНЕ веќе на анкети има неколку имиња кои би ги кандидирала, од подршка на в.д градоначалникот Венко Крстевски се откажа и СДСМ и планира да истрча со свој предлог – пренесува телевизијата.

Целата анлиза на следниот линк:

https://24.mk/details/shukova-najizvesno-reshenie-na-bikhakjka-za-grad-skopje-otkako-izvisi-ralev

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top