Македонија

Уапсен Аца Лукас во Кавадарци(ВИДЕО)

Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа настапуваше во кавадаречки локал, каде атмосферата на почетокот беше на вистинско ниво на еуфорија. Сепак, енергијата драматично се прекинува околу полноќ: Лукас нагло прекинува песна, а полициски службеници влегуваат во просторијата.

Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа настапуваше во кавадаречки локал, каде атмосферата на почетокот беше на вистинско ниво на еуфорија. Сепак, енергијата драматично се прекинува околу полноќ: Лукас нагло прекинува песна, а полициски службеници влегуваат во просторијата. Според очевидци, пејачот негодува, се расправа со полицајците и на крајот ги следи надвор од локалот.

„Атмосферата беше супер, се додека Лукас не прекина среде песна. Не сфативме веднаш што се случува, потоа забележавме дека дојдоа полициски службеници, а тој нешто негодуваше, се расправаше и замина со нив. Чекавме некое време да се врати, а по околу половина час некој на микрофон кажа дека Аца е однесен во полициската станица“, раскажуваат млади гости на настанот.

На социјалните мрежи веќе кружи видео-снимка што го фаќа моментот: Лукас, опкружен со полиција, се обидува да објасни нешто додека заминува, оставајќи зад себе збунебата публика. Официјални детали за инцидентот сè уште се очекуваат од надлежните институции во текот на денот.

Инаку, Лукас останува еден од најбараните изведувачи во регионот. Веќе е најавен негов голем концерт во Скопје, во Арена „Јане Сандански“ на 20 декември, каде ветува незаборавна „кафанска ноќ“ со хитовите што го одбележаа неговата кариера.

@hypetvportal.rsFANOVI ACE LUKASA ISPRED POLICIJSKE STANICE! Besni zbog hapšenja NAJVEĆE BALKANSKE ZVEZDE!

♬ original sound – hypetvportal.rs

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top