Македонија

Уапсен човекот што го скрши стаклото на вратата на бугарската амбасада

На улицата „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска во 12.40 часот бил уапсен човекот што вчера го скрши стаклото на влезната врата на амбасадата на Бугарија во Скопје, соопшти СВР Скопје. Станува збор за Ш.А.(54) од Скопје.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава, вели скопската полиција.

Случајот предизвика експресна реакција на бугарското МНР и на бугарскиот амбасадор во Скопје, а со осуда се огласи денеска и македонскиот министер за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top