Македонија

Уапсен македонски државјанин во Србија: Возел пребрзо и по левата лента, па понудил пари на полицајците за да избегне казна

Се обидел да поткупи сообраќајни полицајци

Државјанин на Македонија е уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да поткупи сообраќајни полицајци за да избегне санкција за сообраќајни прекршоци, пренесува „Н1“.

Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, 43-годишниот З. А. бил приведен од припадници на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево.

Според сомнежите на истрагата, тој вчера на полицајци од Управата за сообраќајна полиција им понудил пари за да не му издадат прекршочен налог. Претходно, додека управувал патничко возило на автопат, ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента, иако десната била слободна.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведен пред надлежното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top