Македонија

Уапсен најмоќниот битолски бизнисмен – се сомничи за местење милионски тендери во времето на СДСМ

Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони е вра од државниот буџет

Неофицијално се дознава дека е уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола, компанија која повеќе од две децении е активна во градежниот сектор, но стана најпозната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. Марковски во јавноста е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.

Неофицијално, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони е вра од државниот буџет.

„Марковски компани“ беше една од мајомилените на минатата влада. Соевремено, на прес-конференција беше објавено дека омилената фирма на власта ќе заработува 63.000 евра дневно, со само 10 булдожери во РЕК Битола.

Власта на СДСМ и на ДУИ ангажирала приватни булдужери, кои граѓаните ќе ги чинат над 16.000 денари за само еден час работа. Спорниот договор чини неверојатни 16.253 денари по час и значи дека „Марковски компани“ за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра за еден булдожер.

Се шпекулира Марковски за две години имаат заработено 200 милиони евра од државата.

Според Централниот регистар, „Марковски Компани“ е основана во 2002 година, со седиште во Битола и дејност насочена кон нискоградба, земјени работи, изградба на патишта и ископи. Компанијата располага со возен и машински парк и има повеќе од 300 вработени. Во последните години бележи значителен раст на приходите — во 2024 година тие достигнале речиси 2,8 милијарди денари, што ја вбројува меѓу најголемите градежни фирми во регионот.

Најголемиот бизнис-исчекор на „Марковски Компани“ дојде со склучувањето на договори со РЕК Битола, дел од државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Станува збор за договори за ископ на јаглен и јаловина, како и за одржување и механизација во рудничките постројки. Еден од најголемите тендери, објавен во 2023 година, вредеше околу 46 милиони евра, што беше рекорден износ во историјата на овој комбинат.

Но, токму овие договори предизвикаа и серија контроверзии и реакции. Дел од опозициските партии и медиуми обвинија дека тендерската постапка не била транспарентна и дека условите биле поставени така што „Марковски Компани“ имала предност пред другите понудувачи. Од РЕК Битола тогаш тврдеа дека изборот бил направен „во согласност со законите и заради непречено производство на електрична енергија“, а подоцна — поради неисполнување на обврските — дел од соработката со „Марковски Компани“ беше прекината. Според објаснувањето на РЕК, фирмата не ги извршувала ископите со предвиденото темпо, што можело да предизвика сериозни застои во производството на јаглен.

Случајот предизвика реакција и во јавноста, особено откако беше откриено дека компанијата започнала со релативно мал основен капитал од само неколку илјади евра, а за кратко време стигнала до десетици милиони евра годишен обрт преку државни договори. Некои медиуми го нарекоа ова „симбол на клиентелизмот меѓу политиката и енергетиката“.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top