Македонија

Уапсен штипјанец за предизвикување пожар

МВР

На 30.08.2025 околу 15:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.С. (25) затоа што околу 14:30 часот предизвикал пожар во месноста „Елки“, при што била опожарена сува трева и ниска вегетација. Веднаш по добиената пријава за настанат пожар, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и констатирано е дека Б.С. , лице со здравствени проблеми, запалил трева, по што пожарот се проширил кон ридот.

Известен е јавен обвинител, Б.С. по насока на медицинско лице е пренесен во Психијатриска болница Штип и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top