Македонија

Уапсени 30 странски државјанки во Тетово

При претрес на хотели во Желино и Тетово…

 

Министерството за внатрешни работи информира дека во Тетово биле уапсени 30 странски државјани поради злоупотреба на туристички престој при серија контроли во неколку угостителски објекти.

„Полициски службеници од Полициската станица Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Скопјe, извршија претрес во хотел во село Желино, Тетово, сопственост на Ј.Ф. (48) од Желиноа, и во хотел во Тетово, сопственост на И.А. (22) од Тетово.

При претресот беа пронајдени 30 жени од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија, бидејќи кај нив беше утврдено дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на нивната намена“, се наведува во соопштението.

Контролата била извршеа во доцните вечерни часови на 9 ти август.

Претреси беа извршени и во Скопјe, а изречени беа и казни на неколку хотелски објекти, главно поради гласна бучава.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top