Македонија

Укинувањето на ослободувањето од ДДВ-то за „Тему“ и „Али Експрес“ е заради заштита на домашната економија

Од Министерството за финансии излегоа со првичен коментар дека целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки (од Тему,Амазон,Али Експрес итн.) со вредност до 22 евра. Од Министерството за финансии излегоа со првичен коментар дека целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

  • „Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании. Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно, колку што изнесува прометот кон странските онлајн платформи во одредени периоди, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе помогнат во растот на локалните компании, креирањето нови работни места и подобрувањето на условите и платите на вработените. Оваа измена претставува значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија“,коментираат од министерството.

Од таму додаваат дека новиот модел дополнително треба да придонесе за намалување на сивата економија.

  • „Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина. Трошокот за пресметката и плаќањето на ДДВ нема да падне на товар на граѓаните, што значи дека нема да има промена на цените за крајните потрошувачи, а мерката ќе обезбеди фер конкурентност помеѓу домашните и странските онлајн продавници. Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата“, тврдат од МФ.

Најнови вести од: Македонија

Кинеска компанија ќе гради фотоволтаични централи во Осломеј и Битола

Според известувањата на Европската банка за обнова и развој ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top