Македонија

Унгарец сакал нелегално да внесе 200.000 евра во Македонија, цариниците го спречија

Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава

Од страна на мобилните тимови на Царинската управа спречен е обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200.000 евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано од страна на мобилен тим за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра.

Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства.

Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top