Македонија

УНИБанка четврта година по ред е поддржувач на фестивалот „Охридско лето“

Со оваа иницијатива Банката ја потврдува својата континуирана поддршка на значајни културни настани, истакнувајќи дека културата и уметноста се пулсот на едно општество.

УНИБанка АД Скопје и оваа година е традиционален партнер на една од најпрестижните културни манифестации во државата „Охридско лето“. Со оваа иницијатива Банката ја потврдува својата континуирана поддршка на значајни културни настани, истакнувајќи дека културата и уметноста се пулсот на едно општество. Тие ги поврзуваат луѓето, го чуваат идентитетот и создаваат вредности што траат.

66-тото издание на фестивалот се одржува од 12 јули до 20 август, со богата програма што обединува музика, театар, балет и разновидни уметнички изведби од домашната и меѓународната сцена.

Под мотото „Уметноста поврзува, инспирира и трансформира“, Охрид повторно ќе биде сцена на врвна уметност, каде историјата и современото творештво се среќаваат во единствен ритам. Концертите и театарските претстави ќе се одржуваат на уникатни локации како црквата „Св. Софија“ и Античкиот театар, придонесувајќи за зачувување и оживување на културното наследство и неговата меѓународна видливост.

Секоја година, над 30.000 посетители од земјата и странство уживаат во квалитетна уметност, доживувајќи ја единствената атмосфера што ја нудат сцените во еден од најавтентичните и највпечатливи градови – Охрид.

Поддршката на културата е дел од заложбите на УНИБанка за создавање вредност во заедницата што остава траен белег за иднината. Како општествено одговорна компанија, Банката континуирано инвестира во проекти насочени кон зачувување на културното наследство, образованието, спортот и младите, придонесувајќи кон развој на средина во која талентот, креативноста и знаењето добиваат вистинска поддршка.

И ова лето, со УНИБанка, Охрид ќе блеска во ритамот на уметноста што инспирира и поврзува.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top