Македонија

Уште денеска дожд и студено, од викендов – сонце

Во недела се очекува сончево и потопло време

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекуваат низ земјава, додека на повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег со послаб интензитет, информира Управа за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од околу 0 степени во Маврово до 7 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 6 степени во Маврово до 16 степени во Гевгелија.

Во недела се очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, при што утринските температури ќе бидат од -1 до 8 степени, а дневните од 14 до 21 степен.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top