Македонија

Да можеше ќе му се вселеше на Вучиќ дома а ја обвинува власта за ,,српски свет”

Лажеше дека воопшто не знае за Францускиот предлог за подоцна да признае дека токму тој бил автор на документот кој сега Македонија ја става во невозможна ситуација за членство во ЕУ

Екс претседателот Стево Пендаровски во својот единствен мандат толку многу се среќаваше со српскиот претседател Александар Вучиќ што фалеше само да спијат во иста соба но тоа не го спречува да ја обвинува сегашната власт дека давала знаци на ,,српски свет”.

 

Пендаровски и Заев се спроведувачи на Отворен Балкан заедно со Србија но тоа не го спречува екс претседателот без никакви аргументи да обвинува дека некој друг бил промотор на таканаречениот српски свет.

 

,,Претходната владејачка структура направи исчекор во меѓуетничките односи, додека оваа структура дава знаци за „српски свет“, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за Лајм ТВ.

Пендаровски признава дека Заев за кого рече дека се исти 102,5 има многу мани кои не ги прецизира но дека не бил дел од српскиот свет.

Двајцата во своите мандати имаа стотици средби со Вучиќ и други српски претставници а во повеќе наврати коленичеа во Белград барајќи зејтин, вакцини, жито и други работи кои сами не можеа да ги обезбедат како влада.

„Структурата која во 2016, односно 2017 година дојде на власт, на чело со Заев, со сите маани кои може да му ги препишете на тој човек, во делот на меѓуетничките односи направи крупен исчекор. Тоа може да го негира само некој кој има личен анимозитет кон него или кон луѓето кои соработуваа со него. Додека, сега оваа политичка структура, која е последнава година на власт, дава очигледни знаци дека тој т.н. „српски свет“, или пошироко, „руски свет“, јас би го нарекол дури и регионално „унгарски свет“, воопшто не им е туѓ“, вели Пендаровски, кој поради своите гафови или лаги и манипулации на изборите за претседател лани едвај освои 250 илјади гласови со што по Фрчкоски во 2009 година стана кандидат со најголем пораз во трка за претседател.

 

Пендаровски прво лажеше дека воопшто не знае за Францускиот предлог за подоцна да признае дека токму тој бил автор на документот кој сега Македонија ја става во невозможна ситуација за членство во ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top