Македонија

Уште неколку дена „пекол“ па следува „заладување“

Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура

И денеска времето денес во Македонија ќе биде сончево и со високи температури со слаб ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 20, додека максималните температури ќе се движат од 32 до 40 степени Целзиусови.

До вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Најнови вести од: Македонија

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

     Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO 2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата […]

Министерството за образование со став за недостигот на учебници за малобројните етнички заедници

Наставници и автори што пишуваат учебници на некој од овие јазици завчера на средба во Министерството за односи меѓу заедниците се пожалија дека со измените на Законот за учебниците минатата година конкурсите за учебници, наместо МОН, ги објавуваат издавачките куќи и оти тие поради економска неисплатливост, одбиваат да ги печатат поради малиот тираж, со оглед на тоа што настава на секој од петте јазици следат по стотина ученици.

Најнови вести

To top