Бизнис

Усвоен Буџетот за 2026 година – 6‚78 милијарди евра и раст од 3.8% на БДП

Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше

По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше.

Буџетот за 2026 година тежи отприлика 6,78 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8%, а инфлацијата на 2,5%. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5% од планираниот БДП.

За пратениците од власта овој буџет обезбедува поддршка за бизнисот, ги штити пензионерите со зголемување на пензиите и носи силен инфраструктурен бран со изградба на патишта, училишта, градинки…

Според опозицијата, Буџетот содржи нереални проекции и служи само за добивање на политички поени.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера во своето експозе пред пратениците рече дека проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија.

„Буџетот е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови. Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет“, рече Димитриеска-Кочоска.

 

Најнови вести од: Бизнис

Место за паника нема, преку различни мерки ќе се регулира цената на енергенсите, вели Ристески

Во вакви ситуации, укажува дека поранливи се секако покревките економии како што е нашата и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, посебно на основните производи за живот на граѓаните.

(Видео): Над 2.000 денари бруто – Дурмиши кажа за колку точно се зголемува минималната плата

Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13% поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите, тврди министерот за економија, Бесар Дурмиши. Во потрошувачката кошничка изработена од Владата, како што изјави денеска Дурмиши, опфатени се 101 производ и таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство.

СДСМ: Наместо 600 евра минималец, Владата понуди 1.660 денари усогласување

СДСМ оценува дека работниците не се приоритет на Владата и дека наместо повисоки плати, фокусот е ставен на тендери и привилегии за функционерите. Од партијата порачуваат дека граѓаните заслужуваат достоинствена минимална плата и реално подобрување на животниот стандард. 

ССМ ја напушти седницата на ЕСС, Трендафилов најави протести

Синдикатите не го прифаќаат износост од 1.600 денари, со кој по мартовското усогласување ќе се зголеми минималната плата и најавуваат протести кон средината на месецов. ССМ ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Наспроти нив, премиерот Христијан Мицкоски тврди: „Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април“.

Почеток на глобална енергетска катастрофа: Откако Иран го затвори теснецот, бродови горат во персискиот залив (ВИДЕО)

Блискиот Исток повторно станува центар на глобалната енергетска неизвесност – пазарите внимателно го следат секој нареден потег, а цените на нафтата и гасот веќе реагираат.

To top