Бизнис

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Македонската групација Езимит

Македонската групација Езимит и нејзиниот сопственик Зоранчо Митровски, со својата инвестиција во Словенија, отвора едно од поретките прашања во домашната бизнис- јавност: што значи кога македонска компанија инвестира во приватен здравствен сектор во држава членка на ЕУ. Во овој случај, ваквиот чекор добива уште поголема тежина бидејќи станува збор за здравство, област со строги стандарди, силна регулатива и високи очекувања од пациентите. Затоа потегот се чита како сигнал дека македонски капитал може да се позиционира и на пазари каде довербата се гради бавно, а квалитетот се мери секојдневно, од преглед до исход.

Во Љубљана, Езимит веќе неколку години е дел од пошироката приказна поврзана со Медицинскиот Центар Дунајски кристали, кој во јавноста е препознаен како македонско присуство во словенечкиот приватен здравствен систем. Самата установа, според својата презентација, работи како модерен, мултидисциплинарен центар со услуги „на едно место“. Од амбулантни прегледи и дијагностика, хируршки сали, модерни 5Г ортопедски, современа интензивна нега со опрема од последната технолошка генерација, трауматолошки, неврохируршки операции како и естетска хирургија под раководство на професор Ахчан Урош, најпознатиот естетски хирург во Европа.

Доктори се професори по хирургија и ортопедија кои често пати се едукатори на македонските доктори во државните и приватните болници. Не ретко македонски доктори присуствуваат и се едуцираат од словенските токму во болницата Дунајски кристали. Инвеститор на Дунајски кристали е македонската групација Езимит, односно сопственикот Зоранчо Митровски.

Според документот достапен на Централниот регистар на Словенија, основачки капитал бил 20 милиони евра, а досега се инвестирани над 24 милиони евра. Во Словенија, иако е здравствено најнапредна од бившите југословенски земји, листите на чекање се многу големи и затоа вакви инвестиции во здравството се добредојдени. Дунајски кристали е најголемата приватна болница во Словенија. За сопственикот и директор на Езимит, Зоранчо Митровски, ова не е само деловен чекор, туку долгорочен пристап кој треба да донесе дополнителен капацитет во средина каде пациентите очекуваат услуга со високи стандарди.

„Нашата цел беше во Словенија да изградиме услуга што ќе биде достапна и врвно организирана по европски стандарди“, вели Зоранчо Митровски. Според него, клучниот мотив е да се намали „празниот“ период што најмногу ги оптоварува пациентите. „Покрај инвестицискиот аспект, ова го гледаме како можност да создадеме институционална патека за научна размена на знаења и развој на услуги што ја следат европската практика, што на крај би резултирало со унапредување на двата здравствени системи“, додава тој.

Митровски потенцира дека ваквите проекти имаат и поширока симболика за тоа како домашните компании можат да се позиционираат надвор од границите.

„Ова е доказ дека македонски компании можат да создаваат вредност и во најрегулираните сектори во ЕУ, кога зад проектот стои сериозна визија и тим“, вели сопственикот на Езимит, Зоранчо Митровски. Ваквата инвестиција е уникатна не само затоа што е „надворешна“ од Македонија кон ЕУ, туку затоа што ја префрла тежината од вообичаената приказна за одлив на кадар кон приказна за градење инфраструктура и организација. Исто така, покажува дека ваквите потези можат да создадат професионална мрежа и мост меѓу здравствените системи, со потенцијал да придонесат и за размена на знаења и за развој на услуги што ја следат европската практика.

На крај, значењето на потегот на Езимит е двојно, од една страна, тоа е прагматична бизнис-одлука во сектор каде побарувачката расте и каде квалитетот се директна конкурентска предност и од друга, тоа е порака дека македонски капитал може да оди чекор подалеку од традиционалните индустрии и да влезе таму каде критериумите се највисоки. Ако проектот се развива со најавената амбиција и стандарди, ќе биде пример дека „македонска инвестиција во ЕУ“ не мора да остане исклучок, туку може да стане модел, особено кога станува збор за здравство, каде довербата е најтешката валута.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top