Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

Годинешното издание ќе се одржи на нова локација – во Mega Shopping Park во Гевгелија. Фестивалот ќе започне утре во 18:30 часот, а програмата во петок и сабота ќе трае до 01:00 часот по полноќ. Во недела, содржините ќе започнат во 14:00 часот и ќе продолжат до полноќ. „Taste the South“ четврта година по ред ги обединува гастрономската традиција, локалните производители, културното наследство и музиката во единствено фестивалско доживување.

Секој фестивалски ден ќе биде посветен на различен препознатлив вкус од југот. Во петок, посетителите ќе можат да ја проследат подготовката и да дегустираат домашен ајвар. Саботата ќе биде посветена на смоквите и производите од нив, додека во недела ќе се одржи дегустација на традиционална ракија. Во фестивалската понуда ќе учествуваат и локални производители и винарии, кои пред посетителите ќе претстават избор на производи и вина. На тој начин, фестивалот ја промовира автентичната гастрономија на гевгелискиот регион и го доближува неговото културно и кулинарско наследство до домашните и странските посетители.

Петок, 11 септември Музичката програма ќе започне во 18:30 часот со настапите на ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци. Во 19:30 часот ќе настапи Филип Стојанов, во 20:45 часот „Пауза за ракија“, а во 22:10 часот „Куку Леле“. Првата фестивалска вечер ќе ја заокружат „Брас Брадарс“, чиј настап е закажан за 23:50 часот. Петочната гастрономска програма ќе биде посветена на подготовката и дегустацијата на ајвар.

Сабота, 12 септември Саботната програма ќе започне во 18:30 часот со КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, а во 20:15 часот Кико Болеро и „Болеро бенд“. Во 21:30 часот на сцената ќе се појави „Нокаут“, додека вечерта ќе продолжи со настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ од 23:15 часот. Вториот фестивалски ден ќе ги стави во фокус смоквите и локалните специјалитети подготвени од нив. Недела, 13 септември Последниот фестивалски ден ќе понуди програма за малите и за големите.

Во 14:00 часот ќе настапи Школото за гитари при Пионерскиот дом, а во 15:00 часот Школата за тапани при Пионерскиот дом. Во 17:00 часот следува настапот на Ансамбл „Бојмија“, а во 17:45 часот ќе настапи „Мистик“. Во 18:30 часот ќе започне Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Вечерната програма продолжува со Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот.

Неделата ќе биде посветена на традиционалната ракија, со дегустација и гастрономски содржини, како и целодневна забава за посетителите од сите возрасти. Низ тридневната програма, публиката ќе ја водат „Диверзија“ и Марко „Дај побрзај“. Со спојот на храната, виното, традицијата и музиката, „Taste the South“ продолжува да ја претставува Гевгелија како гостопримлива дестинација со препознатлива јужна енергија и автентична фестивалска понуда. „Taste the South“ ќе се одржи од 11 до 13 септември 2026 година во Mega Shopping Park, Гевгелија.

Фестивалот е бренд на Општина Гевгелија.

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top