Македонија

Утринава на Попова Шапка најстудено, минус 8 степени, но и најмногу снег, 31 сантиметар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено. Претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 08:30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија.

Изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале 39 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 26 во Пожаране, 25 Охрид, 24 во Крушево, 17 во Тетово, 16 во Претор, 14 во Попова Шапка, 8 во Битола, 7 во Крива Паланка и Прилеп, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Виница, Куманово и Ѓуриште, 4 во Берово, 3 во Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија и Тополчани, како и 2 литра на метар квадратен во Радовиш, Пожар, Велес и Штип.

Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид и Ѓуриште е 5, во Тетово и Берово два, а во Прилеп еден сантиметар.


Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top