Македонија

Ужасна вест за семејството на исчезнатиот Охриѓанец

Засега не е позната причината за смртта

Лоши вести за семејството на Охриѓанецот кој 4 дена би пријавен за исчезнат.

 

Лицето е пронајдено мртво во текот на викендот, објави Министерството за внатрешни работи. 

– На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.

 

По преземени мерки, на 07.12.2025 година, утврдено е дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.

 

По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција – се посочува во соопштението на СВР Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top