Македонија

В.Д.Градоначалникот на Гостивар усвоил два детални плана без мислење од институциите?

Изјава на премиерот Мицкоски

Ние од самиот почеток рековме дека секаде каде што постои основано сомнение за криминал, кое е поткрепено со докази, ние како влада ќе делуваме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со истргата против 8 вработени во Општина Сарај и во Градот Скопје, меѓу кои и против поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети. 

– Ќе делуваме, ама од тоа нема да правиме естрада, нема да упаѓаме по дома со специјални единици. Едноставно, правдата е наш императив, без разлика дали тој што сторил неправда е сегашен или поранешен финкционер. Да ги оставиме органите, обвинителството и судството да ја заврши работата – рече Мицкоски на почетокот на изградбата на спортска сала во училиштето „Блаже Конески“ во Аеродом. 

Во врска со барањето на в.д. градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани да остане на должноста до изборот на нов градоначалник, согласно Законот за локалната самоуправа, а да не се именува владин повереник, Мицкоски рече дека Лимани требали и други работи да сподели со медиумите.

– Не знам дали сподели со вас дека тој усвоил на Совет два детални урбанистички плана без да добие мислење на институциите, а тоа е кривично дело. Претпоставувам дека не споделил. Треба и тоа да го сподели до медиумите кога дава какви било сугестии – рече Мицкоски.

Тој доаде и дека со коалициските партнери во Владата ја отвориле темата за именување владини повереници во четирите општини каде не беа избрани градоначалници и ќе разговараат.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top