Македонија

В. Д. градоначалникот на Кочани добил клетви и навреди од роднините на загинатите во Пулс

Бил навредуван со клетви и погрдни зборови

В. Д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски открива дека добил клетви и навреди од роднините на загинатите во Пулс кои не сакале тој да учествува во последниот ,,Марш на ангелите”.

Крстевски кој по трагедијата стана , в.д. градоначалник на Општина Кочани вели дека клетвите ги добил поради неговиот предлог за музичкиот дел од програмата за Петровден.

,Драги сограѓани, почитувани родители и семејства засегнати од трагедијата која длабоко ја потресе нашата заедница,

Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата за Петровден несвесно сум повредил некого.

Свесен сум дека постоеја и јавно изразени ставови од некои граѓани дека не треба да присуствувам на „Маршот на ангелите“. За жал, притоа бев навредуван со клетви и погрдни зборови. Иако тоа длабоко ме потресе како човек, не им го земам за зло. Ја разбирам болката што стои зад тие зборови. Кога ќе изгубиш најмил, зборот често станува крик, а тишината товар кој тешко се носи.

Како в. д. градоначалник, мојата улога не е само административна, туку и човечка. Да бидам со сите граѓани, да слушам, да разбирам и да дејствувам со одговорност и чувство.

Сакам да го сочуваме достоинството на градот, но и да создадеме простор за напредок и развој, особено за младите, за животот што мора да продолжи, со сите негови тешкотии и светлини.

Ве повикувам заедно, со разум и одговорност, да започнеме промена на системот кој со години ја подрива довербата и безбедноста во нашата заедница. Трагедијата од 16 март не беше несреќа, беше последица на долгогодишна негрижа на државните институции.

Уште еднаш, искрено и со почит се извинувам на сите кои се почувствуваа повредени. Останувам отворен за дијалог, со желба и волја да чекориме напред заедно”, вели Венко Крстевски в. д. градоначалник на Општина Кочани.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top