Македонија

В понеделник ќе се знае изведувачот на Универзална сала, која со години го нагрдува просторот

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече вчера министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Тој нагласи дека едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што нагласи тој, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.

  • Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник, информира министерот.

Во врска со пресудите за платите во културата, Љутков истакна дека се уште стои на истиот став.

  • Јас не ги добивам лично пресудите од првостепениот суд, некој друг веројатно ги добива пред да ги добиеме ние. Јас подоцна се информирам од институциите, кога ќе стигнат, но знам дека пред три дена, една од одлуките, првата од првостепениот, од Битола, беше обжалена и Апелација одлучи во корист на институцијата, рече министерот. 

Според проектот, новата Универзална сала треба да има капацитет од 1.200 седишта, наместо како претходно 1.500, но затоа ќе има поголема сцена и поширок простор за публиката. Надлежните велат дека ќе бидат запазени сите безбедносни и енергетски стандарди, а ќе биде вградена и најсовремена сценска техника.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top